Ќе ги блокираме сите одлуки на ЕУ насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина, вели Сијарто

Од:

Унгарската влада ќе ги блокира сите одлуки на Европската Унија насочени кон ескалација на вооружениот конфликт во Украина и вклучување на европските земји во него, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

„Доколку Брисел нè турне кон војна, ќе го искористиме нашето право на вето врз неговите одлуки, дури и ако мора да дејствуваме сами против сите 26 други земји од ЕУ“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи на митинг во Ѓер, во северозападниот дел од земјата.

„Не можеме да дозволиме Унгарија и Унгарците да влезат во војна. Мора да ги заштитиме Унгарија и унгарските граѓани од тоа“, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

Фронмајер до Мерц: „Какво е ова лудило – им земате на Германците за да ѝ давате на Украина“

(ВИДЕО) Судир меѓу граѓани и Националната гарда во Киев: Демонстранти сакаа да влезат наводен таен воен затвор

Горан Наумовски