Киска: Политичка манипулација е поврзувањето на терористичките напади со бегалците

Од:

Словачкиот претседател Андреј Киска во новогодишниот говор го осуди поврзувањето на тероризмот со бегалската криза како политичка манипулација и предупреди пред ширење на страв и екстремизам.

Како што јави дописникот на МИА, Киска оцени дека напливот на бегалци и емигранти не ја погоди до толку Словачка, за да можат Словаците да се чувствуваат загрозени или да се потиснува темата до работ на домашните проблеми

– Да се искористуваат терористичките напади во Париз, но и речиси секојдневните терористички напади надвор од Европа со актуелниот бран на бегалци како директна причина за тероризам е политичка манипулација. Всушност, тоа им одговара на намерите на терористите, рече Киска.

Според него, претпазливоста и стравот, не би требало да се користат за да господарат при донесувањето на одлуките.

Киска се осврна и на претстојните парламентарни избори во март, кои за него претставуваат гласање за тоа ,,што треба дома да почне да се движи”, потенцирајќи го пред се здравството, образованието, каде според него државата има недостатоци.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Универзитети во Словачка добиваат закани за бомби

Горан Наумовски

Масакр во училиште во Словачка: Има мртви и повредени

Словачка: Ученик со нож уби две лица, има и повредени

Горан Наумовски

Фицо: Словачка ќе и возврати на Украина

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти