Кишида: Јапонија подготви пакет кризни мерки поради поскапување на суровините

Од:

Јапонија подготви пакет кризни мерки во вредност од 13,2 трилиони јени (103 милијарди долари) за да ги ублажи ефектите од зголемените трошоци за суровините, а исто така подготвува мерки насочени кон прераспределба на богатството, изјави денеска премиерот Фумио Кишида.

Мерките ќе се финансираат главно од буџетските резерви за тековната фискална година, а ќе опфатат субвенции за трговците на големо со бензин и парична помош за домаќинствата со ниски приходи со деца.

Директните државни трошоци ќе изнесуваат 6,2 трилиони јени, а остатокот ќе бидат мерки за индиректни трошоци, како што се заемите за приватниот сектор.

– Владата ќе подготви и дополнителен буџет и ќе го „протурка“ во Парламентот за да ги надополни резервите и да обезбеди пари за борба против евентуалниот нов бран на Ковид-19 или за долг период на зголемени трошоци за гориво. Мораме да се погрижиме растот на трошоците за гориво и суровини да не го попречува закрепнувањето на економските и социјалните активности од пандемијата, наведе Кишида.

Тој најави и дека Владата по изборите за горниот дом на Парламентот ќе претстави и „сеопфатен“ пакет реформи во јапонското општество. Пакетот ќе вклучува чекори за да и помогне на Јапонија да постигне јаглеродна неутралност и да спроведе мерки на економската политика фокусирани на прераспределба на богатството.

– Треба да дејствуваме превентивно, на среден до долг рок, посочи Кишида.

Најавеното зголемено буџетско трошење во Јапонија е во спротивност со трендот во западните земји, кои постепено ги отстрануваат стимулациите од периодот на пандемската криза.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија