Кирнс: Маневрите на НАТО и Русија го зголемуваат ризикот од војна

Од:

Зачестените масовни воени вежби на земјите-членки на НАТО и на Русија, ја зголемуваат веројатноста од воен конфликт на територијата на Европа, предупреди директорот на лондонската Европска лидерска мрежа, Иан Кирнс.

– Воените вежби создаваат клима на недоверба, предизвикуваат несигуност и го зголемуваат ризикот од опасни воени судири, оценува Кирнс, кој е коавтор на истражување на Мрежата во кое се анализирани по едни маневри на Русија и на НАТО.

Со анализата била опфатена воената вежба на Русија од март годинава во која учествуваа 80.000 војници и маневрите „Сојузнички штит“ на НАТО од пред два месеци, во кои беа вклучени 15.000 припадници на вооружените сили на 19 членки на Алијансата и на три држави-партнери.

Според авторите на судијата, анализата на карактерот на воените вежби укажува дека Русија се подготвува за евентуален конфликт со НАТО, а од друга страна Алијансата вежба можен судир со руските сили.

Анализирањето на двете вежби навело на заклучок дека НАТО смета дека негови „најранливи“ места се Полска и балтичките земји, додека такви локации за Русија, според стратезите во Москва, се реонот на Арктикот, Крим и граничните подрачја кон Естонија и Летонија.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски