Кирјакидес: Без напредок во преговорите меѓу ЕУ и „АстраЗенека“

Од:

Европската унија и компанијата „AстраЗенека“ не успеаја да дојдат до напредок во разговорите за одложената испорака на вакцини против коронавирусот, соопшти синоќа еврокомесарката за здравство, Стела Кирјакидес.

„Жал ни е поради континуираниот недостаток на јасен план за испорака“, напиша Киркјакидес за Твитер.

Британските медиуми пренесуваат дека еврокомесарката посочува дека ЕУ побарала јасен план од „АстраЗенека“ за брза испорака на дозите што Унијата ги резервира за првиот квартал од оваа година.

ЕУ веќе една недела врши притисок врз „АстраЗенека“ да испорача повеќе дози од својата вакцина од фабриките во Европа и Велика Британија, откако компанијата соопшти дека ќе има одложување, што би го нарушило планот за имунизција во ЕУ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски предупреди: Европа да биде „глобален“ играч на светската сцена

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија