Кипар слави 60 години независност од Велика Британија

Од:

Кипар, поделена земја која е дом на две британски воени бази и мировна мисија на Обединетите нации, денеска ја слави 60-годишнината од независноста од Велика Британија.

„Независноста во тоа време беше компромис што ниту една страна во конфликтот не го сакаше ниту бараше“, истакнува Хуберт Фаустман, професор по политички науки на Универзитетот во Никозија.

За овој медитерански остров, каде денес живеат вкупно 1,2 милиони луѓе, во историјата се бореле разни кралства и цивилизации, потсетува Хина. Во модерно време островот остана поделен меѓу грчкиот југ и турскиот север.

Денес, популарната пешачка зона во близина на венецијанските sидови, Ледра, каде за време на крвавата герилска војна водена од кипарските Грци против британските трупи кон крајот на 50-тите години на минатиот век. е позната како „улица на смртта“

Претежно грчката заедница во Кипар во периодот од 1955 до 1959 година се бореше за „енозирање“ – обединување со „мајка“ Грција.

Кипарските Грци ја прифатија понудата на Британците во 1960 година да биде независна, но под услов Велика Британија да го задржи суверенитетот над двете крајбрежни бази. Ова ќе биде проследено со судири меѓу грчката и турската заедница и последователната турска инвазија врз северен Кипар во 1974 година.

Предавањето на власта над островот се случи ноќта меѓу 15 и 16 август 1960 година. Последниот британски гувернер, Хју Фут, му ја предаде власта на првиот кипарски претседател, православниот архиепископ Макариеје.

Независноста стави крај на вековната доминација на голем број владетели – од Асирците, Персијците, Грците и Римјаните, до Британците кои ја ценеа стратешката позиција на островот, особено по Суетската криза во 1956 година.

Односите меѓу Република Кипар, сега членка на Европската унија и Велика Британија, останаа силни дури и по прогласувањето на независност.

Кипарските Турци, од друга страна, го слават прогласувањето на својата меѓународно непризната држава од 15 ноември 1983 година, девет години откако Анкара нареди инвазија по пучот организиран од грчката воена хунта.

Професорот Ахмет Созен од Катедрата за политички науки на Источномедитеранскиот универзитет во севернокипарскиот град Фамагусти рече дека „16 август не претставува ништо за над 90 проценти од кипарските Турци“.

„Луѓето дури и не знаат за датумот кога грчкиот дел одбележува независност од Британците“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија