Кинезите сакаат да одгледуваат зеленчук на Марс

Од:

Кинеските астронаути се подготуваат за одгледување на зеленчук на Марс и Месечината по успешните прелиминарни тестови во Пекинг, пренесуваат државните медиуми. Четири видови на зеленчук се одгледани во еколошкиот систем за одржување на живот, односно во кабина со волумен од 300 кубни метри, која ќе им овозможи на астронаутите да произведуваат кислород, вода и храна додека се на вселенски мисии.

Се очекува дека системот, кој ќе се базира на билки и алги, ќе се користи во вселенските бази на Месечината и Марс, пренесе агенцијата Синхуа. Кинеските астронаути можат да добијат свеж зеленчук и резерви на кислород, благодарение на градинарството во вселенските бази во иднина, се додава во известувањето и се напомнува дека ова е прв ваков експеримент во Кина.

Кина објави дека ќе го испрати својот прв истражувачки вселенски брод на Месечината следната година во рамките на амбициозната вселенска програма која опфаќа долгорочен план за испраќање на луѓе на природниот сателит на Земјата. Суперсилата на Азија ги засилува своите вселенски активности со човечки екипаж во време кога САД прекинаа неколку свои програми, како што се летовите со вселенски шатлови.

Кина не прецизира кога има намера да го испрати екипажот на Месечината, што последено им успеа на Американците во 1972 година. Првиот кинески астронаут Јанг Ливеј минатиот месец изјави дека кинеските астронаути би можеле да формираат комитет на владеачката Комунистичка партија во вселената. Ако воспоставиме партиски комитет во универзумот, тој ќе биде највисок од својот вид во светот, рече Јанг. Овој астронаут ја обиколи Земјата со вселенскиот брод „Шенџоу 5” во 2003 година.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ