Кинезите подготвуваат втора нафтена платформа во Јужното Кинеско Море

Од:

Претставниците на компанијата  „Кина оилфилд сервис ’’, која ја поставува првата платформа за црпење нафта во островската група Парасел во Јужното Кинеско Море, денеска соопштија дека се подготвува поставување и на втора платформа во близина на првата. Дупчењата за користење на нафта се изведуваат во подрачје на кое и Кина и Виетнам имаат прогласено сувереност, а кинеските потези предизвикаа големи анти-кинески протести во Виетнам.

Во протестите против кинесите фабрики во Виетнам имаше четворица загинати и стотина повредени, а Кина ги евакуира своите граѓани. Во меѓувреме, во знак на протест против Кинеските дупчења и нафтените платформи се самозапали една виетнамка.

Напнатоста меѓу Пекинг и Ханој ја зголеми и инцидентот во кој, според виетнамско соопштение, кинески бродови во неделата потопиле виетнамски рибарски брод. Виетнамската новинска агенција пренесе дека рибарскиот брод бил нападнат од четириесетина кинески бродови, но во Пекинг тоа се демантира и се наведува дека виетнамскиот брод потонал по судар со поголем кинески брод.

Во обид, колку толку, да се смири кинескиот бес поради пустошењето на кинеските фабрики и работници, виетнамските власти изрекоа неколку едногодишни затворски казни за лица што се сметаат за организатори на протестите од пред две недели. Во понеделникот, портпарол на кинеското министерство за надворешни работи изјави  дека Кина очекува Виетнам комплетно да ги надомести штетите што ги петрпеле кинеските инвеститори и работници.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција