Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении

Од:

Пекинг тврди дека американскиот државјанин осуден на доживотен затвор во Кина на почетокот од оваа година е одликуван шпион кој работел за американското разузнавање повеќе од три децении, пишува Си-Ен-Ен.

Џон Шинг-Ван Леунг, 78-годишен американски државјанин, кој исто така е постојан жител на Хонг Конг, беше осуден на доживотен затвор од кинескиот суд во мај под обвинение за шпионажа.

Властите тогаш не дадоа детали за неговиот случај, освен дека тој беше уапсен од претставници на државната безбедност во април 2021 година.

Неколку месеци по пресудата, Министерството за државна безбедност, главната кинеска цивилна шпионска агенција, во објава на социјалните мрежи во понеделникот тврдеше дека Леунг бил регрутиран од американските разузнавачки агенции во 1989 година и дека добил, како што рече, „медал за заслуги“ за големата количина на разузнавачки информации што тој наводно ги собрал.

Министерството го обвини Леунг дека ги шпионирал кинеските дипломати и кинеските официјални лица кои ги посетувале САД.

Властите дадоа минимални детали за Леунг кога објавија дека тој е осуден на доживотен затвор во мај. Според тогашното соопштение на судот, тој бил уапсен од државните безбедносни органи во април 2021 година.

Си-Ен-Ен не може самостојно да ги потврди наводите против Леунг, а министерството не обезбеди дополнителни докази за да ги поткрепи своите тврдења. Случаите кои вклучуваат шпионажа – широко и нејасно дефинирано обвинение – обично се судат зад затворени врати во Кина, каде што правосудниот систем има стапка на пресуди над 99,9 проценти.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски