Кинези забранија да се носат бурки во најголемиот муслимански град

Од:

Кинеските власти им забранија на жените во провинцијата Синѓијанг, Урумќи, каде што половина од населението се муслимани, да носат бурка во јавност.

Овој предлог во декември го предадоа локалните законодавци, а сега е усвоен и на регионално ниво, меѓутоа се уште не е на сила.

Според информациите кои што ги обавија кинеските медиуми, овој закон ќе биде воведен по изнесување на измените во врска со примедбите изнесени на состанокот од минатиот викенд.

burkaKina

Инаку на сето ова му претходи масакрот од март минатата година кој го изврши група ујгурски муслимани на станицата во Кунминг. Тогаш кинеските власти ги зголемија ограничувањата за групата која што ја доживуваат како потенцијални екстремисти.

Ограничувањата отидоа толку далеку што официјалните лица во Синѓијанг им забранија на студентите и државните службеници да постат во тек на Рамазан, а градската управа во Карами воведе забрана за користење на јавниот превоз за сите кои носат бурка , хиџаб и слично.

Инаку зачестените напади и судири во кои учествуваат Ујгури, најверојатно се предизвикани со овие ограничувања. Вчера полицијата во округот Шуле, кај Кашгар уби шестмина напаѓачи, кои наводно се обиделе да детонираат низа експлозивни направи.

-Бурката не е традиционален дел од облеката на ујгурските жени. Прописот е резултат во настојувањата да се сопре ширењето на екстремизмот поради кој ујгурските жени се принудени да се откажат од традиционалните шарени носии и да почнат да носат црни бурки- наведе агенција „Синхуа“ во своето соопштение.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција