Кинеските власти загрижени од тврдењата на Сноуден дека Пекинг е жртва на кибернапади

Од:

Кина е сериозно загрижена од тврдењата на поранешниот консултант на Агенцијата за национална безбедност на САД, Едвард Сноуден дека се предмет на кибернапади од страна на Вашингтон.

Според Сноуден, САД упаѓале во компјутери на кинески фирми за мобилни телефони и на Универзитетот во Пекинг.

– Тоа е нов случај кој докажува дека Кина е жртва на кибернапади, изјави портпаролката на кинеското МНР, Хуа Чунин.

Сноуден пристигна вчера во Москва со лет од Хонгконг и побара азил во Еквадор.

Американските власти изразија незадоволство дека властите во Хонгконг не исполниле нивно барање да го уапсат Сноуден. САД подигнаа обвинение против својот сограѓанин кој откри нивна програма за шпионажа преку интернет и бараат тој да биде екстрадиран.

Би можело да ве интересира

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

Сноуден доби руско државјанство

А1он

Путин му даде руско државјанство на свиркачот Сноуден

А1он

Сноуден ја поздрави одлуката за неиспорачување на Асанж во САД

Жарко Настоски

Сноуден објави фотографија од својот син

Ана Ололовска

Сноуден наскоро ќе аплицира за руско државјанство

Ана Ололовска