Кинеските власти забранија влез на туристи во Тибет

Од:

Кина им забрани на странските туристи пристап на Тибет поради претстојното одбележување на годишнината од востанието против кинеската управа над овој хималајски регион.

Туристичките агенции соопштија дека влезот на странските туристи во Тибет ќе им биде забранет до 1 април.

Годишнината, која се одбележува на 20 март е сеќавање на востанието против кинеските власт на Тибет, кое се случило во 1959 година, а на 14 мај дошло до демонстрации против владата во главниот град на Тибет, Ласа, при што имаше и човечки жртви.

Иако секоја година во тој период се забранува влез во Тибет, 60. годишнината привлекува особено внимание. Настаните од 1959 година го обележаа егзилот во Индија на Далај Лама, кого кинеските власти го сметаат за опасен сепаратист, како и почетокот на многу репресивно владеење на Кина во регионот.

Во 2017 година, имало повеќе од 25 милиони патувања на Тибет, а минатата година овој број се искачи на 33 милиони, носејќи приход од 5,6 милијарди долари.

Набљудувачките мисии велат дека оваа забрана е дел од стратегијата насочена кон прикривање на степенот на репресија во тој регион.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски