Кинеските бродови ја предизвикуваат Јапонија

Од:

Четири бродови на кинеската влада впловија во територијалните води околу спорните острови во Источното кинеско море, кои ги контролира Токио.

Заменик шефот на јапонската дипломатија Чикао Каваи „упати остар протест до кинеската амбасада поради упадот на бродови од Кина во јапонски територијални води и се зачестените движења од тој тип“, соопшти министерството за надворешни работи на Јапонија.

Каваи рече дека се почестите провокации ќе ја загрозат комуникацијата на двете земји чија цел е смирување на ситуацијата поради спорните острови.

Кинескиот амбасадор Ченг Јонгхуа го повтори ставот на Пекинг, дека тоа прашање ќе настојуваат да се реши со дијалог.

Спорот околу овие острови негативно се одразува на трговските односи на девет водечки економски сили во регионот.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски