Кинеските авиони и бродови ја преминаа линијата на раздвојување, војската на Тајван подготвена да одговори

Од:

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека утринава повеќе кинески бродови и авиони ја преминале демаркационата линија.

Тајван ги нарече воените вежби на Кина многу провокативни „без разлика дали станува збор за лансирање балистички ракети или намерно преминување на централната линија на теснецот“.

„Придржувајќи се до принципот на подготовка за војна, а не за барање војна, националната војска ќе работи заедно за цврсто да ги брани суверенитетот и националната безбедност“, се вели во тајванската изјава.

Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека нивната војска подигнала авиони, испратила бродови и распоредила копнени ракетни системи за да ја надгледуваат ситуацијата откако кинеските авиони и бродови утринава повторно ја преминале средината на Тајванскиот теснец додека Кина спроведува големи воени вежби во зоните околу Тајван.

Војската на Тајван ќе се подготви за борба, но нема да бара војна, додаде Министерството за одбрана.

Тајванската претседателка Цаи Инг-вен и се обрати на јавноста велејќи дека војската на Тајван е подготвена да одговори доколку е потребно.

Таа тоа го соопшти на својот официјален Твитер профил.

„Нашата влада и војска внимателно ги следат воените вежби на Кина и операциите за информативна војна, подготвени сме да одговориме по потреба. Ја повикувам меѓународната заедница да го поддржи демократскиот Тајван и да ја запре секоја ескалација на регионалната безбедносна ситуација“, рече Цаи Инг-вен. .

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски