Кинескиот премиер во официјална посета на Велика Британија

Од:

Кинескиот премиер Ли Кечијанг престојува во тридневна официјална посета на Велика Британија, придружуван од бројна бизнис делегација од Кина.

Ли денека има средба со својот домаќин, британскиот премиер Дејвид Камерон, на кој ќе стане збор за состојбата во билатералните односи и за натамошно унапредување на трговскте врски меѓу двете земји кои последниве години бележат забрзан подем.

Пред средбата со Камерон, кинескиот премиер во замокот Виндзор, западно од Лондон, беше примен од британската кралица Елизабета Втора. На средбата со гостинот од Кина присуствуваше и војводата од Јорк, принцот Ендрју, вториот син на кралицата.

Економските разговори се во центарпт на вниманието на оваа посета. Во текот на престојот во Велика Британија најавено е формалното согласување за низа комерцијални зделки и инвестиции, во вкупна вредност од 18 милијарди фунти, главно во енергетскиот сектор и во финансиите.

Двете страни ќе потпишат спогодба и за нов визен режим за кинеските државјани, кои во иднина, покрај добивањето на британска бизнис или туристичка виза ќе може да аплицираат и за шенген виза, што им овозможува влез во други 26 земји, иако Велика Британија не е членка на Шенгенската спогодба.

Ова е прва посета на еден кинески премиер по кризата во билатералните односи што настана во 2012 година, откако премиерот Камерон се сретна со тибетскиот духовен вовач Далај Лама. Односите се подобрија по промената на врвот во кинеската Комунистичка партија на почетокот од минатата година,па Камерон во декември 2013 година престојуваше во Пекинг.

– Посетата на Велика Британија ќе помогне за сменување на погрешното гледање и загриженоста кон Кина, изјави во Лондон кинескиот премиер Кечијанг.

Од британска страна, претходно беше соопштено дека Лондон останува и понатаму загрижен за повредата на човековите права во Кина.

Кинескиот премиер покрај Велика Британија ќе престојува уште во три други европски земји.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски