Кинескиот премиер: Кина е подготвена да ја зајакне соработката со Европска Унија

Од:

Кинескиот премиер Ли Кечијанг на вчерашната средба со претседателот на Европски совет Шарл Мишел во Пекинг ги повика странските компании да продолжат да инвестираат во Кина.

Ли ги повика двете страни да се отворат една кон друга, наведувајќи дека Кина секогаш ќе остане посветена на својата основна државна политика на отворање.

Кина ќе продолжи да го негува меѓународно деловно опкружување засновано на пазарот и законите и сите компании ќе ги третира подеднакво и правично.

Како што јавија кинеските медиуми Ли истакна дека Кина континуирано ќе го отвора својот финансиски сектор и ќе поттикнува повеќе инвестиции од квалификувани странски институционални инвеститори, додека ја одржува домашната финансиска стабилност.

– Кина ќе се стреми да ја одржи основната стабилност на курсот на кинеската валута и да ја одржува на разумно и избалансирано ниво, посичи Ли.

Тој додаде дека Кина е „подготвена да ја зајакне соработката со Европска Унија врз основа на взаемно почитување и еднаквост и правилно да ги решава разликите за да го промовира здравиот и стабилен развој на сеопфатното стратешко партнерство Кина-ЕУ“.

Мишел посочи дека ЕУ ја следи политиката на една Кина и дека се радува на успехот на средбата на лидерите ЕУ-Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски