Кинескиот премиер ја заврши посетата на Загреб и отпатува на Форум во Дубровник

Од:

Со средбата на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и кинескиот премиер Ли Кечијанг заврши работната посета на кинеската делегација на Загреб.

Оттаму, кинескиот премиер отпатува во Дубровник, каде ќе се одржи деловен форум на земјите од централна и источна Европа и Кина.

Претходно Ли имаше средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Разговорите ни беа искрени, пријателски и плодни, изјави Ли по средбата во загреб, каде допатува со голема бизнис делегација.

– Оваа посета е пресвртница во односите меѓу двете земји, оцени Пленковиќ.

Двете влади потпишаа шест договори во Zагреб, а уште четири ќе бидат потпишани утре во Дубровник. Договорите се однесуваат на железница, земјоделство, дигитална соработка на државната управа со Хуавеи, Хрватската банка за обнова и развој, наука и спорт. Следен голем конкретен проект се очекува да биде модернизација на пругата Загреб – Риека и на хрватските пристаништа.

Кинеската делегација е составена од 400 претставници на кинески државни и приватни компании и банки, кои утре и задутре во Дубровник ќе учествуваат на средбата на шефови држави или влади од Иницијативата Кина + 16 (11 членки на ЕУ од централна и источна Европа, како и Северна Македонија, Србија, БиХ, Црна Гора и Албанија), како и на деловниот форум на кој ќе има околу илјада учесници.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол