Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Од:

На покана на американската страна, специјалниот претставник на кинескиот претседател Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Кина е водена од принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и соработка меѓу двете страни при разгледување и подобрување на односите со САД, изјави портпаролот на кинеското министерство, пренесе Ксинхуа.

Во соопштението се нагласува дека Пекинг е подготвен да работи со новата американска администрација за подобрување на дијалогот и комуникацијата, како и проширување на заемно корисната соработка, со цел да се постигнат стабилни, здрави и одржливи кинеско-американски односи.

Би можело да ве интересира

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд

Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Катерина Ѓуровски

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Трамп: Русија и Путин можеби одолговлекуваат со мировниот договор

Путин му испрати на Трамп мистериозен подарок

Зеленски: Русија очигледно успеа да влијае врз луѓето на Трамп