Кинески воени бродови кај Јапонија

Од:

Седум кинески воени бродови се забележани кај островите на југот на Јапонија.

Пилот на еден јапонски авион забележал седум кинески воени бродови во водите, 49 километри југоисточно од островот Јонагуни, изјавил за Франс прес анонимен претставник на министерството.

„Се движеа од север, од Тихиот океан во правец на Источното кинеско море“.

Кина и Јапонија се во дипломатски судир поради суверенитетот над ненаселените острови.

Напнатоста помеѓу двете земји порасна на почетокот на септември кога јапонската влада одлучи да национализира неколку острови кои до тогаш припаѓаа на приватен јапонски сопственик.

Кинеските патролни бродови од тогаш, во повеќе наврати навлегоа во водите на тие острови, односно на 22 километри од нивните брегови.

 

Би можело да ве интересира

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски

Кина: Егзекутирана жена затоа што продала 17 деца, меѓу кои и сопствениот син