Кинески производител на дронови ќе воведе софтвер, со кој ќе се спречи тие да летаат над Вашингтон

Од:

инескиот производител на беспилотното летало, кое неодамна беше уништено во градината на Белата куќа, денеска соопшти дека ќе бидат воведени мерки со цел да се гарантира дека таков инцидент повеќе нема да може да се случи.

Компанијата „Ди Џеј Ај Технолоџи“ (DJI Technology Co.), чие седиште се наоѓа во кинескиот град Шончжон, соопшти дека оваа недела ќе испрати современа варијанта на софтвер за навигациските системи на неговите беспилотни летала, кој нема да им дозволува да летаат над Вашингтон.

Уривањето на 50-сантиметарскиот „квадрокоптер“ од типот „Фантом“ предизвика дебата дали Белата куќа и претседателот Барак Обама се соодветно заштитени од потенцијална закана.

Портпаролот на кинеската компанија, Мајкл Пери изјави дека софтверот во дроновите на „Ди Џеј Ај Технолоџи“ не им дозволува да летаат во „забранети зони за летови“ на околу 700 аеродроми во целиот свет.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција