Кинески хакери нападнаа јапонски интернет страници

Од:

Најмалку 11 јапонски интернет-страници, меѓу кои и сајтови на министерства, судови и болници се нападнати од хакери, најверојатно од Кина.

Многу од интернет-страниците се изменети и на нив има пораки за кинескиот суверенитет над островите Диаоју, што Токио ги нарекува Сенкаку.

Полицијата наведе дека околу 300 јапонски организации биле мета на потенцијални кибернапади во пораката на „Хонкер унион“, една кинеска група хакери.

Полицијата потврди дека околу 4.000 поставиле пораки за планираните напади и шеми на кинескиот сајт за чет „YY Chat“.
Меѓу нападнатите интернет-страници се наоѓа и Министерството за внатрешни работи и комуникации, како и Универзитетската болница во Токио.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски