Кинески авиони повторно ја преминаа централната линија во Тајвански Теснец

Од:

Кинеската Народноослободителна армија денеска соопшти дека почнува нови вежби на море и во воздух во близина на Тајван.

Најавата уследи еден ден по завршувањето на големата воена вежба со употреба на боева муниција во близина на Тајван.

Тајванското Министерство за одбрана денеска соопшти дека повеќе од 20 воени авиони на кинеската армија ја преминале така наречената централна линија во Тајванскиот Теснец.

Во воената вежба учествуваа осум борбени авиони Су-30, шест борбени авиони Ј-11 и четири ловци Ј-16, два ловци-бомбардери ЈХ-7 и еден противподморнички хеликоптер Ка-28.

Источната борбена команда на Народноослободителната војска на Кина на социјалната мрежа Веибо објави дека ќе вежба нападите против подморници и напади на море.

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Тајван е дел од Кина и дека Кина спроведува воени вежби „на своја територија“ на отворен, транспарентен и професионален начин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он