Одделот на „Синофарм“ во Институтот за биолошки производи во Вухан денеска ја информира јавноста дека нејзината вакцина против Ковид-19 според првичните анализи, во третата фаза од клиничките испитувања се покажала ефикасна во 72,51 проценти од случаите со коронавирус.
Британските медиуми јавуваат дека оваа кинеска компанија веќе ја доставила официјалната апликација до националната администрација за медицински помагала за одобрување за јавна употреба на нејзината вакцина, се наведува во соопштението на „Синофарм“ објавено на нејзината веб-страница.