Кинеската економија порасна во вториот квартал од 2025 година благодарение на силниот извоз

Од:

Кинеската економија порасна за 5,2 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2025 година благодарение на силниот извоз, што е над очекувањата на аналитичарите, но послабиот раст на потрошувачката укажува на продлабочување на нерамнотежата помеѓу силното индустриско производство и слабата домашна побарувачка, покажаа денес податоците од Националното биро за статистика.

Индустриското производство во Кина се забрза на 6,8 отсто на годишно ниво во јуни, но малопродажбата порасна само за 4,8 отсто, што е далеку под очекувањата, објави Блумберг.

Најголемите падови се забележани во продажбата на пијалоци, тутун, козметика и угостителски услуги, додека субвенциите поттикнаа раст во купувањето на бела техника и електронски уреди.

Би можело да ве интересира

Кина ги предупредува САД и Израел: „Не го допирајте новиот лидер на Иран“

Кина бара прекин на нападите и почитување на суверенитетот на Иран

Си направи голема „чистка“ во Кина

Кина ги престигна САД

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

Вкупната трговска размена лани 19,5 милијарди евра – извозот зголемен за 2,9, а увозот за 4,4 отсто