Кинеска компанија го тужи Обама за блокирање на бизнис договор

Од:

Една кинеска компанија која работи во САД го тужи претседателот Барак Обама, откако тој го блокираше договорот за електраните на ветар, поради загрозување на националната безбедност.

Корпорацијата “Ралс” (Ralls), кинеска приватна фирма, претходно оваа година потпиша договор за проектот четири ветерни електрани во близина на американската поморска база во Орегон.

Обама, меѓутоа, минатата недела потпиша наредба со која го блокира договорот.

Во тужбата на кинеската компанија се вели дека со тоа владата на САД ги надминала своите овластувања,пренесува Би-Би-Си (BBC).

Тоа е прва странска инвестиција што е блокирана во последните 22 години во САД.

Овој потег ја принуди корпорација “Ралс” да го повлече својот удел во проектот, кој се планира во близина на базата и во забранетиот воздушен простор кој се користи од страна на морнарицата за обука и тестирање на оружени системи.

Жалбата на “Ралс”, поднесена во понеделникот, истакнува дека американскиот претседател “дејствувал на незаконски и неовластен начин.” Компанијата, во сопственост на двајца кинези,наведува во тужбата дека Обама не постапил согласно со законот и под истити услови не ја третирал корпорацијата “Ралс”.

Судските документи беа објавени во вторникот. Во документот на американската влада се наведува дека “постојат веродостојни докази кои наведуваат дека “Ралс корпорацијата може да преземе дејствија кои би биле закана за загрозување на националната безбедност на САД.”

Меѓутоа, компанијата во тужбата наведува дека Обама не обезбедил никакви докази за подкрепа на тоа. Армијата соопшти дека базата во Орегон се користи за тестирање на безпилотни авиони и друга опрема за електронско војување. Авионите притоа летаат ниско и до 60 метри, со брзина од 500 километри на час.

Компанијата “Ралс” е во сопственост на двајца директори на “Сани група”, најголемиот кинески производител на машинска опрема.

Коментирајќи ја одлуката на Обама од минатата недела, претставник на “Сани група” им рече на кинеските медиуми дека овој договор не ја загрозува американската безбедност.

Џоу Чинг, правниот застапник на компанијата, изјави за агенцијата Синхуа дека чекорот на претседателот Обама најверојатно е сплетка, или начин да се заштитат американските производители на електрани на ветар.

Доминацијата на Кина во трговијата со САД, стана една од основните точки на кампањата на Обама за борба со противкандидатот на републиканците Мит Ромни.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ