Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Од:

Источната команда на Кинеската Народноослободителна армија денеска започна воени вежби во околината на регион Тајван.

Вежбите ќе се изведуваат во Тајванскиот теснец, потоа на север, исток и јужно од островот Тајван, како и во областите во близина на островите Кинмен, Мацу, Вуки и Донџин, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Портпаролот на армијата Ли Кси рече дека во вежбите учествуваат трупите, морнарицата и воздухопловните сили и дека вежбите се наречени „Заеднички меч – 2024А“ и ќе траат два дена.

Ли додаде дека вежбите служат како „силна казна за сепаратистичките акции на Тајван“, но и како „цврсто предупредување против мешање и провокации од надворешни сили“.

Американскиот генерал-полковник Сивен Скленка оцени дека кинеската армија „продолжува да вежба клучни елементи за потенцијална воена инвазија на Тајван“, наведува Ројтерс.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски