Кина врши геноцид врз Ујгурите, се тврди во извештајот на „Институтот за стратегија и политика“ од Вашингтон

Од:

Во денеска објавениот независен извештај на Истражувачкиот центар „Институт за стратегија и политика Њулајнс“ од Вашингтон се наведува дека кинеската Влада „сноси државна одговорност за геноцид врз Ујгурите, кршејќи ја Конвенцијата за геноцид на ОН“.

Врз извештајот работеле 50 глобални експерти за човекови права, воени злосторства и меѓународно право, и тоај покажал дека кинеската Влада со своите активности против Ујгурите во Синџијанг ја кршат секоја одредба од Конвенцијата за геноцид на ОН, пренесе Радио Слободна Европа.

Ова е првпат оваа невладина организација да спроведе независна правна анализа на обвинувањата за геноцид во Синџијанг, вклучувајќи ја и одговорноста што Пекинг може да ја сноси за наводните злосторства.

Се верува дека околу два милиона Ујгури и други муслимански малцинства се сместени во широко распространети работни логори низ Синџијанг, се наведува во извештајот на американскиот Стејт департмент.

Според искуствата на поранешните затвореници, од кои многумина биле притворени во работните логори, тие, исто така, биле принудени на индоктринација, соочени со сексуална злоупотреба, па дури и присилна стерилизација.

„Притворените Ујгури во логорите биле лишени од основните човекови права, сериозно понижувани и изложени на нехуман третман или казна, вклучувајќи и притвор во самица без подолго време да добиваат храна“, се додава во извештајот.

Анализата, исто така, посочува на драматичниот пад на наталитетот на Ујгурите во целиот регион за околу 33 отсто во периодот меѓу 2017 и 2018 година.

Кина ги негира обвинувањата за кршење на човековите права, нарекувајќи ги местата каде што се сместени Ујгурите „центри за спречување на верскиот екстремизам и тероризам“.

Коавторот на извештајот, Азем Ибрахим, изјавува дека постојат огромни докази што ги поддржуваат наводите за геноцид.

Конвенцијата на ОН за геноцид е одобрена во декември 1948 година од Генералното собрание на ОН, а Кина, заедно со 151 земја, е потписник на истата.

Членот 2 од Конвенцијата вели дека геноцидот е обид да се изврши дело со намера да се уништи, целосно или делумно, национална, етничка, расна или религиозна група.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски