Кина во последните 24 часа испрати 39 авиони и три брода во правец на Тајван

Од:

Кинеската војска испратила 39 авиони и три брода во Тајван во последните 24 часа во демонстрација на сила насочена кон островот, соопшти денеска тајванското Министерство за одбрана.

Кинеската војска речиси секојдневно испраќа авиони или бродови кон автономниот остров, кој го смета за своја територија.

„Вчера и денеска 30 кинески авиони ја минаа средината на Тајванскиот теснец, неофицијална граница која некогаш беше прифатена од двете страни“, соопшти тајванското Министерство за национална одбрана.

Авионите полетале на југозападниот дел од островот, а потоа на југоисточната страна пред да се вратат, според дијаграмот на патеката на летот обезбеден од Тајван. Меѓу авионите имало 21 бомбардер Ј-16, четири бомбардери Х-6 и два авиона за рано предупредување.

Тајван соопшти дека ги надгледувал движењата на Кина преку својот ракетен систем базиран на копно, како и преку бродови на својата морнарица.

Кинеската војска одржа големи воени вежби во август како одговор на посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, на Тајван. Пекинг ги смета посетите на претставници на странски влади на Тајван како признавање на островот за независен и предизвик за суверенитетот на Кина над островот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Португалија се откажа од купувањето Ф-35 поради Трамп

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада