Кина: Уапсени 80 измамници кои со месеци продавале фалш вакцини

Од:

Кинеската полицијата од септември наваму во три града уапсила повеќе од 80 лица вклучени во продажбата на фалсификувани вакцини, јавија денеска кинеските државни медиуми.

Апсењата биле извршени во градовите Џангсу, Пекинг и Сандонг, а кинеската агенција Ксинхуа соопшти дека биле запленети 3.000 лажни вакцини.

Ксинхуа наведе дека кинеското Министерство за јавна безбедност отворило истрага за измами со создавање и фалсификување вакцини.

Полицијата, додава кинеската агенција, открила дека лицата кои биле вклучени во криминалната акција од септември 2020 година „оствариле голем профит продавајќи лажни вакцини по високи цени“.

Кина го вакцинира своето население со домашните вакцини „Синовак“ и „Синофарм“.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски