Кина: Тајван нема право да им се приклучи на Обединетите нации

Од:

Кина денеска повторно излезе со добро познатиот став дека Тајван нема право да им се приклучи на Обединетите нации, откако САД ги зголемија тензиите повикувајќи на поголемо учество на островската држава во светската организација, пренесоа француските медиуми.

-Тајван нема право да се приклучи на Обединетите нации, изјави Ма Ксиаогуан, портпаролот на Канцеларијата за Тајван во Пекинг.

„Обединетите нации се меѓународна владина организација составена од суверени држави… Тајван е дел од Кина“, додаде тој.

Ова е остриот одговор на официјален Пекинг на забелешките на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, иако тој и од претходно беше познат – за тајванската Влада нема место на светската дипломатска сцена.

Во изјавата по повод 50-годишнината од гласањето на Генералното собрание на ОН за местото на Пекинг и исклучувањето на Тајпеј, Блинкен вчера кажа дека жали што Тајван се повеќе се исклучува од светската сцена.

-Бидејќи меѓународната заедница се соочува со невиден број сложени и глобални проблеми, од клучно значење е сите засегнати страни да помогнат во решавањето на овие проблеми. Ова ги вклучува и 24-те милиони луѓе кои живеат во Тајван, рече Блинкен.

„Целосното учество на Тајван во системот на ОН не е политичко, туку прагматично прашање“, кажа американскиот државен секретар.

-Затоа ги охрабруваме сите земји-членки на ОН да ни се придружат во поддршката на стабилното и значајно учество на Тајван во целиот систем на ОН и во меѓународната заедница, рече тој.

Тајван, островот во кој во 1949 година избегаа националистичките сили, по губењето на граѓанската војна со комунистите, официјален Пекинг го гледа како провинција што кога тогаш ќе се приклучи кон континентална Кина, доколку е потребно и со сила.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио