Кина со предупредување до Г7: Малите „групи“ одамна не владеат со светот

Од:

Кина денеска остро ги предупреди лидерите на Г-7 дека деновите кога „малите“ групи земји одлучуваа за судбината на светот веќе одамна се минато, возвраќајќи им го ударот на најбогатите демократии во светот, кои побараа унифициран став кон Пекинг.

-Деновите кога глобалните одлуки беа диктирани од мала група земји одамна се минати, изјави портпаролот на кинеската амбасада во Лондон.

„Ние секогаш веруваме дека државите, големи или мали, силни или слаби, сиромашни или богати, се еднакви и дека светските прашања треба да се решат во консултација со сите држави“, додаде тој.

Појавата на Кина како водечка глобална сила се смета за еден од најважните геополитички настани во последно време, покрај падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, со што заврши Студената војна. Г7, чии лидери се состануваат во југозападна Англија, бара кохерентен одговор на растечката наметливост на претседателот Си Џинпинг по спектакуларниот економски и воен раст на Кина во последните 40 години.

Лидерите на групата – САД, Канада, Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Јапонија – сакаат да го искористат својот собир во англиското крајбрежно одморалиште Карбис Беј за да му покажат на светот дека најбогатите демократии можат да понудат алтернатива на растечкото влијание на Кина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера ја предводеше дебатата на Г7 за Кина и ги повика лидерите да усвојат унифициран пристап кон предизвиците поставени од Народна Република Кина.

Г7 планира да им понуди на земјите во развој инфраструктурна шема што може да и парираат на иницијативата на Си „Појас и пат“, вредна повеќе милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Кина одговори: воведе царини од 84 отсто на стоки од САД

ВИДЕО: Кина никогаш нема да прифати вакво насилничко однесување, реакција на царините од 104 отсто

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Трговската војна на Трамп го достигна пикот, во сила се новите царини

ВИДЕО: И холивудските филмови станаа дел од трговската војна меѓу САД и Кина

ВИДЕО: Кина го сподели говорот на Реган против царините од 1987