Кина со обвинувања до „Епл“ дека ги помага демонстрантите во Хонг Конг

Од:

Кинеските медиуми денеска го обвинија американскиот технолошки гигант „Епл“ дека ги поддржува демонстрантите во Хонг Конг преку апликација за движење низ градот, во услови на зголемен притисок од Кина врз странските компании.

Исто така, НБА и франшизата Хјустон Рокетс се критикувани во Кина за твитањето на комесарот за лига Адам Силвер во кој изрази поддршка за демонстрантите.

Весникот „Женмин жибао“, орган на владејачката Комунистичка партија на Кина, го обвини „Епл“ дека дозволува употреба на апликација во Хонг Конг за да покаже на мапа каде се наоѓа полицијата.

Апликацијата HKMap.live е опишана како поддршка на „силеџии“. Поранешната британска колонија, Хонг Конг минува низ четвртиот месец политичка криза со скоро дневни и честопати насилни демонстрации.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала