Кина: Секоја одлука на САД да ги прекинат врските со Пекинг не би била реална

Од:

Кина денеска соопшти дека секоја одлука на САД за произволно прекинување на врските со Кина нема да биде реална ниту мудра.

Ова го изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Џао Лиџијан на прес-конференцијата реагирајќи на новите закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе ги прекине врските со Пекинг.

Трамп ја повтори својата закана еден ден откако американскиот трговски претставник Роберт Лајтизер пред Конгресот изјави дека прекинот на врските меѓу американската и кинеската економија не го гледа како одржлива опција.

– Амбасадорот Лајтизер не е виновен, можеби не се изјаснив јасно, но САД секако имаат политика на опции, според различни услови, сè до целосен прекин на врските со Кина, напиша Трамп на Твитер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Трамп дефинитивно го спасува ТикТок: Во понеделник тој ќе потпише налог за продолжување на исклучувањето

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски