Кина се закани со одмазда за американските конгресни документи за Хонг Конг

Од:

Кина денеска соопшти дека ќе преземе контрамерки откако Долниот дом на американскиот Конгрес усвои три документи во кои се изразува поддршка за демонстрантите во Хог Конг.

Кинеското Министерство за надворешни работи наведе дека моменталните проблеми во Хонг Конг немаат врска со „таканаречените човекови права и демократијата, туку со насилството“ .

Кинеското МНР наведува дека Претставничкиот дом на Конгресот ги „игнорира фактите, меша црно и бело, и применува двојни стандарди во кривичните дела како подметнување пожари и уништување продавници во име на човековите права и демократијата“.

Доколку усвоените нацрти станат закони тоа ќе им нанесе штета не само на кинеско-американските односи, туку и на американските интереси во Хонг Конг, тврди Пекинг.

Антивладините протсти во Хонг Конг траат веќе четири месеци.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Припадници на Кинеската армија чистеше улици во Хонг Конг

Ана Ололовска

Пекинг го обвини Лондон дека долева масло на огнот во Хонг Конг

Ана Ололовска

Демонстрантите во Хонг Конг бараат локални избори, на власта и дадоа ултиматум од 24 часа

Ана Ололовска

Две лица во Кина заразени со пневмонична чума

Демонстрантите во Хонг Конг ги гаѓаа полицијаците со стрели

Ана Ололовска

Хонг Конг: Полицијата изврши претрес во универзитетски кампус

Ана Ололовска