Кина се повеќе се вооружува, соседите нервозни

Од:

Кина уште еднаш го зголеми својот воен буџет. Овој пат за 10 отсто. Реакција на соседите – нервоза и загриженост. Пекинг не гледа причина за загриженост. Напротив, поголемите издвојувања за армијата, за оваа земја се потполно нормална работа, се наведува во анализата на Дојче Веле.

Кина во 2013 година, година во која се додава дека на армијата и се на располагање вкупно 90 милијарди евра, што е за 10,7 отсто повеќе од претходната година. Според таа сума, Пекинг е на второ место во светот по големината на воениот буџет, одма зад Вашингтон.

“Водиме политика на мирна одбрана”, е официјалниот став на кинеската влада, додека Фу Јинг, заменичката на министерот за надворешни работи на Кина и портпарол на Националниот Народен Конгрес тврди дека, поради тоа никој не треба да се чувствува загрозен.

Од 2005 до 2009 година, Кина постојано го зголемува издвојувањето на средства за армијата, од 15 до 20 проценти, и тоа на годишно ниво.

Меѓународната заедница ја загрижуваат територијалните спорови кои Кина ги има со другите азиски држави, пред се во Јужното Кинеско Море. Јапонија, Виетнам и Филипините ја критикуваат кинеската воена политика, бидејќи Пекинг многу од островите ги смета за свои, напоменува DW, заклучувајќи на крајот дека за сега не е јасно, какви се навистина плановите на Пекинг.

Би можело да ве интересира

Кинеското вселенско летало слета на темната страна на Месечината

Кина нема да учествува на мировната конференција за Украина

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате