Кина: Самитот на НАТО е полн со воинствена реторика, провокации и лаги

Од:

Самитот на НАТО изобилува со „воинствена реторика“, а изјавите за Кина се полни со „провокации и лаги“, соопшти кинеската мисија во Европската Унија.

„Декларацијата на самитот на НАТО во Вашингтон е полна со менталитет од Студената војна и воинствена реторика, а содржината поврзана со Кина е полна со провокации, лаги, поттикнувања и клевети“, изјави портпаролот на кинеската мисија во Европската Унија.

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг, вчера изјави дека „Кина има клучна улога во илегалната војна на Русија против Украина“, дека обезбедува опрема за двојна употреба, микроелектроника и многу други алатки кои и овозможуваат на Русија да произведува ракети, бомби, авиони, оружје што го користат во нападите на Украина.

Кинескиот портпарол истакна дека основната позиција на Кина за прашањето за Украина е промовирање на мировните преговори и политичко решение, затоа, како што е наведено, пред повеќе од една година, таа презентираше документ од 12 точки во кој се поставени општите принципи за ставање крај на војна.

Како што објави Ројтерс, Кина постојано го критикуваше НАТО и предупредуваше на неговото проширување во азиско-пацифичкиот регион.

Лидерите на Јапонија, Јужна Кореја, Нов Зеланд и Австралија, кои присуствуваа на самитот, воспоставија посилни врски со безбедносната алијанса во услови на зголемена загриженост за проширувањето на Кина во Јужното Кинеско Море.

„Ние сме силно против влезот на НАТО во азиско-пацифичкиот регион, бидејќи тоа ќе поттикне конфронтација и ривалство и ќе ги поткопа просперитетот и стабилноста во овој регион“, изјави вчера портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, пренесе Танјуг.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО

Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција

А1он

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Ројтерс: НАТО нема да го исполни предлогот на Трамп за зголемување на трошоците за одбрана