Кина: САД ги зголемија тензиите околу нуклеарното прашање на Иран

Од:

Кина соопшти дека САД „дополнително ги влошиле” тензиите околу нуклеарното прашање на Иран.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Генг Шуанг денеска истакна дека Кина го почитува тоа што Иран „строго го спроведува” нуклеарниот договор од 2015 година, од кој американскиот претседател Доналд Трамп се повлече пред една година.

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска предупреди дека Иран ќе престане да се придржува кон одредени делови од нуклеарниот договор од 2015 година и им даде рок од 60 дена на другите потписници на спогодбата да ги исполнат своите обврски, особено во поглед на банкарскиот и нафтениот сектор.

Ганг рече дека Кина ги повикува сите засегнати страни да се воздржат од ескалација на тензиите.
Коментарот на Генг следува откако Вашингтон го пренасочи носачот на авион на Блискиот Исток, за да се соочи со неодредени закани од Техеран.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Иран го чека тајното писмо од Трамп

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп