Кина, Русија и Иран почнаа со поморски вежби, Москва испрати бродови на Северната флота

Од:

Кина, Иран и Русија спроведуваат заеднички поморски вежби во Оманскиот Залив од 15 до 19 март, објавија денеска кинеското и руското министерство за одбрана. Вежбите „Marine Security Belt“ ќе помогнат да се „продлабочи практичната соработка меѓу морнариците на земјите учеснички“, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека активната фаза на вежбите ќе биде на 16 и 17 март, вклучувајќи различни заеднички маневри вклучувајќи дневен и ноќен артилериски оган.

„Трилатералната поморска вежба (…) во која учествуваат руската морнарица, кинеската морнарица и иранските поморски сили започна денеска во водите на Арапското Море“, објави руското Министерство за одбрана на Телеграм.

Русија испрати бродови од Северната флота

Русија испрати бродови од Северната флота, вклучувајќи ја фрегатата Адмирал Горчков, Кина разурнувачот Нанџинг и Иран – фрегати.

Нивната цел е да спроведат „заеднички маневри“, да вежбаат „ослободување заробен брод“ или да работат на „помагање на бродови во неволја“, според Москва.

Русија спроведе неколку воени вежби со партнерите од почетокот на воената офанзива во Украина, започната пред повеќе од една година.

Русија претходно спроведе вежби со Кина

Покрај маневрите со својот белоруски сојузник, Москва учествуваше во поморски вежби со Кина и Јужна Африка во февруари.

Русија, исто така, спроведе поморски вежби со Пекинг во декември и воздушни вежби во ноември.

Москва и Пекинг се претставуваат како геополитичка противтежа на САД и нивните сојузници.

Иран е обвинет за снабдување на Русија со оружје и муниција за нејзината офанзива во Украина, особено со беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани