Кина револтирана од новите американски санкции

Од:

Пекинг ги осуди новите американски санкции и соопшти дека ќе ги преземе „сите неопходни мерки“ за заштита на кинеските компании, откако Вашингтон најави серија акции за да го осуди односот на Кина кон ујгурското малцинство.

„Кина е многу незадоволна и силно се противи на тоа“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Ванг Ји.

САД вчера воведоа санкции за компании од Кина, Грузија и Турција за дејствија „спротивни на надворешно-политичките интереси на американската земја“.

Министерството за трговија, пак, соопшти дека Соединетите Американски Држави вовеле санкции за кинеската Воено-медицинска истражувачка академија.

Во документот се вели дека се наметнати санкции на Кинеската академија за воено медицински истражувања и нејзините 11 истражувачки институти за микробиологија, епидемиологија, токсикологија, биоинженерство, контрола на болести, па дури и ветеринарна медицина за „користење биотехнолошки процеси за поддршка на кинеската армија“. Агенцијата наведува и информации за „можно оружје за контрола на мозокот“.

„Овие акции се спротивни на интересите на САД во областа на националната безбедност и надворешната политика“, соопшти Министерството за трговија.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска