Кина развива пет вакцини против коронавирусот

Од:

Кина во моментов развива пет вакцини против коронавирус, од кои дел се во трета фаза на клиничко испитување во некои странски земји, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на земјата.

Портпаролот на Министерството, Жао Лиџијан изјави дека од избувнувањето на коронавирусот, кинеската Влада развила пет различни технолошки пристапи во развојот на вакцината, пренесе агенцијата Ксинхуа.

Кинеските вакцини се во третата фаза на тестирање во Емирати, Бразил, Пакистан и Перу, додека некои вакцини се во втора фаза на тестирање.

– Најнаселената земја во светот тесно соработува со Светската здравствена организација, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација и е дел од системот КОВАКС, додаде Жао.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски