Кина прогласи жолто ниво на опасност од природна катастрофа поради тајфунот Вутип

Од:

Кинеските власти прогласија „жолто“ ниво на опасност од катастрофа поради приближувањето на тајфунот Вутип, соопшти Кинескиот национален центар за предвидување на метеоролошките услови.

Центарот предвидува дека Вутип ќе стигне до границата на кинескиот остров Хаинан утре вечер. Неговото приближување ќе предвизвика зголемување на висината на брановите во Јужното Кинеско Море до 7 метри и до 3 метри на крајбрежјето на островот Хаинан.

Кина користи четиристепен систем за предупредување за опасност од природни катастрофи, при што најниско ниво се означува со сина боја, по што следи жолта, портокалова и највисоко ниво на опасност со црвена боја.

Би можело да ве интересира

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски