Кина приземји речиси сто авиони „Боинг 737“

Од:

Кинеската администрација за цивилно воздухопловство соопшти денеска дека се приземјени речиси 100 авиони „Боинг 737 Макс 8“, по вчерашниот пад на авион од тој тип во Етиопија.

Приземјените авиони се повеќе од една четвртина од вкупната авио флота. „Боинг 737“ што летал од Адис Абеба кон Најроби се урна вчера при што загинаа 157 патници и членови на екипажот само шест минути по полетувањето.

„Етиопиан ерлајнс“ исто така ги приземји сите авиони „Боинг 737“ поради „дополнителни безбедносни проверки“.
Ниту една друга компанија засега не соопшти дека ќе ги приземји своите „Боинг 737 Макс 8“.

До крајот на јануари „Боинг“ на купувачите им испорачал 350 авиони „Боинг 737“. Тоа беше втора несреќа со „Боинг 737“ – во октомври лани кога индонезиски авион од истиот тип се урна 13 минути по полетување од аеродромот во Џакарта. Тогаш загинаа 189 патници и членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

Силен земјотрес ја погоди Етиопија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски