Кина повторно ја отвора границата со Хонг Конг

Од:

Кина в недела по три години повторно ќе ја отвори својата границата со посебната административна единица Хонг Конг, согласно одлуката на Пекинг да ги олесни строгите мерки за справување со коронавирусот.

Отворањето на границата значи слободен проток на луѓе во финансискиот центар и континентална Кина без задолжителен карантин, иако целата постапка ќе се спроведува „постепено и на определен начин“, соопшти кинеската канцеларија за Хонг Конг и Макао.

Иако никогаш целосно не го изолираа градот, локалните власти на Хонг Конг без приговор ја следеа кинеската политика за „нулта ковид“, до средината на 2022 година кога почна олабавувањето на рестриктивните мерки.

Поранешната британска колонија ги укина речиси сите мерки против Ковид-19 во декември, освен задолжителното носење маски во вежбалните.

Гувернерот на Хонг Конг, Џон Ли изјави дека од 8 јануари границата дневно ќе можат да ја минуваат најмногу до 60 илјади луѓе. За преминувањето на границата преку копнен пат пријавувањето ќе се врши преку Интернет, додека патувањето со авион или траект ќе зависи од бројот на достапни билети.

Ли смета дека отворањето на границата ќе придонесе за привлекување странски инвеститори и ќе има позитивен економски ефект.

Пред епидемијата на коронавирусот што се појави во Кина на крајот на 2019 година, границата меѓу Хонг Конг и Кина годишно ја минуваа повеќе од 236 милиони патници.

Кина повеќе нема да бара ковид-пропусници од патниците од Хонг Конг, додека на жителите на континентална Кина од недела ќе им се издаваат специјални туристички и деловни визи за посета на Хонг Конг.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски