Кина организира воени вежби за борба со кибернапади

Од:

Идниот месец кинеската армија ќе одржи вежби на нов тип воени единици, што користат дигитални технологии за акција, објавија Фигаро и Индепендент.

Тоа ќе се случи во време на маневри во кои ќе учествуваат специјални сили и авијацијата. За време на маневрите кои Индепендент ги нарече дигитални воени вежби, најверојатно ќе се симулира нарушување на комуникациски мрежи и на командните и контролни мрежи.

Вежбите ќе бидат во воена база во автономниот регион Внатрешна Монголија. Планирани се за втората половина од јуни. Весниците наведуваат дека вежбите се случуваат во момент кога за се повеќе хакерски напади е обвинета Кина.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски