Кина очекува најнизок економски раст за речиси 30 години

Од:

Кина очекува најнизок економски раст за речиси три децении, а премиерот на земјата Ли Кечијанг предупреди дека втората најголема економија во светот се соочува со „тешки“ предизвици, пишува „Гардијан“.

Кечијанг на годиншната сесија на кинескиот Парламент рече дека економскиот раст на земјата ќе биде меѓу шест и 6,5 отсто, што е пад во однос на целта од минатата година – 6,5 отсто. Во 1990 година, економскиот раст се намалил до 3,9 отсто поради меѓународните санкции во врска со протестите на плоштадот „Тјенанмен“. Во 2018 година Кина забележа раст од 6,6 отсто, што е најслабиот од 1990 година.

– Ќе се соочиме со потешка и посложена ситуација, како и со ризици и предизвици. Мораме целосно да се подготвиме за сериозна борба, рече Кечијанг.

Обраќањето на премиерот пред делегатите доаѓа во услови на забавен економски раст, трговска војна со САД и дипломатски тензии околу кинескиот гигант Хуавеј. Кина внатрешно ја тресат и скандали во јавното здравство, како и протести на работници, студенти и разни активисти.

Би можело да ве интересира

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење за Владата