Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

Од:

Кина не учествува во управувањето и функционирањето на Панамскиот канал и никогаш не се мешала во овие работи, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг. Тој додаде дека Кина постојано го почитува суверенитетот на Панама над Каналот и ја признава како трајно неутрален меѓународен воден пат, објави Ксинхуа.

Ова го изјави портпаролот на кинеското министерство како одговор на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп за „повторно преземање“ на Панамскиот канал, пренесе агенцијата.

Во понеделникот, додека го одржуваше своето инаугуративно обраќање во централната сала на американскиот Конгрес, Трамп ја повтори својата намера да го „врати“ Панамскиот канал.

Тој исто така тврдеше дека „Кина го контролира Панамскиот канал“.

Би можело да ве интересира

Американската војска се подготвува за атак на Панамскиот канал

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна