Кина нареди затворање на севернокорејските компании во земјата

Од:

Властите во Пекинг им наредија на севернокорејските компании во Кина да ги прекинат своите дејности во рок од 120 дена, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Како што јави ДПА, мерката е преземена како одговор на ракетните и нуклеарните тестирања извршени од Пјонгјанг, а согласно неодамна усвоената резолуција на Советот за безбедност на ОН.

– Соработката меѓу кинеските фирми и севернокорејските компании и поединци треба да престане, се наведува во соопштението.

Кина е најголемиот сојузник на Северна Кореја во последните години, но е под постојан притисок, особено од САД, да го заостри односот кон Пјонгјанг.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета