Кина: Масовно тестирање на коронавирус во 20-милионскиот Пекинг

Од:

Властите во Пекинг, со население од 20 милиони, спроведуваат масовни тестирања на сите добавувачи и вработени на градските пазари со цел да воспостават контрола врз новиот бран на коронавирус, објавија денеска државните медиуми.

Дневниот број на пациенти во вториот бран во Пекинг ги надмина бројките од најлошиот период на првиот бран на почетокот на февруари.

Властите сега се обидуваат да тестираат десетици илјади вработени во службите за испорака и на кванташките пазари кои секој ден постојано се движат низ кинескиот главен град, а порталот „Пекинг њуз“ објави дека сите добавувачи ќе бидат тестирани до следната недела.

Бројот на новозаразени во Пекинг дополнително се намалува и поради строгите мерки за итни случаи што ги воведе кинеската Влада.

Според официјалните податоци, во Пекинг денеска се потврдени 22 нови случаи на Ковид-19, плус пет во други делови на Кина, нема нови смртни случаи и 308 лица се хоспитализирани.

Од почетокот на новиот бран, кој почна минатата недела во Пекинг, регистрирани се вкупно 205 нови случаи.

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио