Кина ја критикува посетата на германската парламентарна група на Тајван

Од:

Кинеската влада денеска упати протест поради посетата на Тајван на група од шест германски пратеници.

Министерството за надворешни работи во Пекинг ја повика групата, предводена од членот на Бундестагот Питер Хајд од Слободната демократска партија (ФДП), „веднаш да ја прекине својата интеракција со сепаратистичките сили за независност во Тајван“.

Министерството во соопштение ги повика германските пратеници да не испраќаат „погрешни сигнали“ и да се придржуваат до таканаречениот принцип „Една Кина“.

„Тајван е неотуѓив дел од кинеската територија“, се вели во соопштението и се додава дека Тајван е виновен за ескалацијата на регионалната тензија.

Сепак, претседателот на Здружението за тајванско-германско парламентарно пријателство Хунг-Лу Чанг рече дека размената ќе продолжи и покрај притисокот од Кина.

– Протестот на Пекинг е бесмислен. Тајван е суверена држава. Парламентарната размена со другите земји е совршено оправдана. Тие доаѓаат во Тајван затоа што ни се наклонети, рече Чанг.

Шестмината пратеници од комисијата за човекови права на Бундестагот вчера пристигнаа во Тајван во четиридневна посета, што е втора посета на германска парламентарна делегација овој месец.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени