Кина им забрани на новинарите да им даваат информации на странските медиуми

Од:

Медиумското регулаторно тело на Кина воведе ново ограничување на работата на новинарите, со тоа што им забрани да им даваат информации на странските медиуми или да објавуваат доверливи информации на блоговите и социјалните мрежи.

Кинеските новинари во обид да ја избегнат цензурата често пати им доставуваат материјали на странските медиуми за да ги објават.

Во соопштението, кое го објави Државната администрација за печат, радио, филм и телевизија се упатуваат критики кон новинарите, кои се под истрага и се вели дека оние од нив, кои работат за државните медиуми, ја злоупотребуваат службената должност.

Регулаторното тело во вторникот објави дека мерките против новинарите за откривање на државна и трговска тајна ќе бидат затегнати. Медиумската администрација нагласи дека новинарите немаат право да чуваат, копираат или запишуваат државни или трговски тајни, како и информации, кои не се јавни.

Новите правила ги обврзуват раководствата на медиумските организации да го зајакнат надзорот на доверливите материјали и да бараат од новинарите и другите вработени да потпишат спогодби за чување тајни.

Кина го зазема 175-то место меѓу 180 држави во класификацијата за слободата на медиумите, изготвена од меѓународната организација „Репортери без граници“.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција